Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

„Фрагменти од несвесното“ вечер во Велес: спој на слика и џез

„Фрагменти од несвесното“ вечер во Велес: спој на слика и џез

Вечер, 23 јули, во 20:00 часот во Ликовниот салон во Велес ќе се одржи мултисензорниот настан „Фрагменти од несвесното: Синергија на слика и звук“, кој обединува изложба на ликовни дела и џез-импровизации.

 

Во проектот учествуваат ликовните уметници Никола Пијанманов, Андреј Митевски, Тони Попов и Стефан Младеновски, како и музичарите Славчо Коцев и Бојан Петков. Настанот нуди единствено доживување во кое џез-импровизацијата воспоставува дијалог со визуелната уметност, претворајќи ги боите и формите во звук.

 

Изложбата е во организација на Центарот за креативни индустрии – НЕБО, со финансиска поддршка од Министерството за култура и туризам.

Мени за пристапност