Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Значајни археолошки откритија на локалитетот Градиште кај с. Црнобуки

Значајни археолошки откритија на локалитетот Градиште кај с. Црнобуки

Археолошките истражувања на локалитетот Градиште кај с. Црнобуки и оваа година резултираа со значајни движни и недвижни археолошки наоди, кои претставуваат вреден придонес во проучувањето и валоризацијата на македонското културно наследство.

Резултатите од истражувањата обезбедуваат нови сознанија за историскиот развој на локалитетот, неговата урбана структура, секојдневниот живот на населението и врските со другите значајни антички центри во регионот.

Проектот се реализира во соработка помеѓу НУ Завод и музеј – Битола и Универзитетот Кал Поли Хамболд од Арката, Калифорнија, САД, со учество на стручни лица, студенти и волонтери, претставувајќи успешен пример за меѓународна научна и стручна соработка во областа на археологијата.

Реализацијата на истражувањата е овозможена со финансиска поддршка од Министерството за култура и туризам, во насока на континуирана заштита, истражување и промоција на културното наследство како значаен сегмент од националниот идентитет и културните вредности на Република Северна Македонија.

Мени за пристапност