Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Источниот плански регион активно се вклучи во креирањето на новата Стратегија за туризам

Источниот плански регион активно се вклучи во креирањето на новата Стратегија за туризам
На 03 јули 2026 година во Општинскиот Мултимедијален Центар “Киро Глигоров” – Штип, се одржа втора регионална работилница за изработка на   Стратегијата за развој на туризмот на РСМ за период 2027 – 2032 година.
На работилницата учество зедоа над 50 (педесетина) претставници од јавниот, невладиниот и приватниот сектор од Источниот плански регион.
На почетокот на работилницата од страна на претставници на Министерството за култура и туризам беше дадено кратко образложение на процесот и планираната динамика за изработка на Стратегија за развој на туризмот на РСМ за период 2027 – 2032 година. Од страна на ангажираните експерти за изработка на новата Стратегија за развој на туризмот преку кратка презентација беа претставени клучните наоди од претходно спроведената анализа на состојба на туризмот во Источниот плански регион и заклучоците од истата. Развој на бањскиот и планинскиот вид на туризам се главни приоритети за развој на регионот во наредниот петгодишен период.
Вториот дел од работилницата беше посветен на преглед на образецот со податоци од туристичкиот сектор и за истиот беше даден простор за забелешки, коментари и предлози од учесниците. Преку конструктивна дискусија со сите засегнати страни од регионот се разгледуваше тековната состојба во секторот на туризмот со посебен акцент на проблемите со кои се соочуваат чинителите.
Работилницата заврши со заклучок дека активното учество и соработката на сите засегнати страни се од клучно значење за креирање на квалитетна, реална и одржлива  стратегија за развој на туризмот. Сите изнесени предлози, забелешки и препораки од учесниците ќе бидат земени предвид во понатамошниот процес на подготовка на Стратегијата, со цел да се обезбеди документ кој ќе ги одразува потребите и развојните приоритети на регионите и ќе придонесе за унапредување на конкурентноста и одржливиот развој на туристичкиот сектор.

Мени за пристапност