Францускиот институт во Скопје го најавува првото издание на месечните „Кино средби“ во Кинотеката. Нов филмски циклус посветен на современи француски остварувања и големи класици на француската кинематографија.
Програмата започнува со проекција на „Романот за Џим“ (2024), во режија на Арно и Жан-Мари Ларје, со Карим Леклу, Летиција Дош и Сара Жиродо, на 19 февруари 2026 г. во 20:00 часот.
Премиерно прикажан на Филмскиот фестивал во Кан 2024, филмот беше номиниран за наградите „Lumières de la presse étrangère“ за најдобар филм и најдобар актер, а Карим Леклу ја доби наградата „Цезар“ за најдобар актер во 2025 година.