Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Државниот секретар на Министерството за култура и туризам, Марија Станчевска Ѓоргова, се сретна со државниот секретар на Министерството за култура на Република Словачка, Марио Марушка

Државниот секретар на Министерството за култура и туризам, Марија Станчевска Ѓоргова, се сретна со државниот секретар на Министерството за култура на Република Словачка, Марио Марушка
Европска престолнина на културата 2026 беше повод за официјалната средба што ја оствари државниот секретар на Министерството за култура и туризам, Марија Станчевска Ѓоргова, со државниот секретар на Министерството за култура на Република Словачка, Марио Марушка, во рамки на свеченото отворање на манифестацијата во Тренчин.
На средбата беа разгледани можностите за унапредување на билатералната соработка во областа на културата и туризмот, со посебен акцент на размената на културни програми, поддршката на уметниците и заедничкото учество во европски проекти. Соговорниците ја истакнаа важноста од продлабочување на партнерствата меѓу институциите од двете земји, како и значењето на културата како мост за меѓусебно разбирање и пријателство.
Во рамки на посетата, државниот секретар присуствуваше и на официјален прием организиран од министерката за култура на Република Словачка, Мартина Шимковичова, на кој беше потврдена подготвеноста за интензивирање на соработката и реализација на заеднички иницијативи во периодот што следува.
Свеченото отворање на програмата во Тренчин претставува значаен културен настан на европско ниво, кој придонесува за промоција на културната разновидност и зајакнување на меѓународната соработка.

Мени за пристапност