Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Зајдисонце во МСУ: три изложби што отвораат нови светови

Зајдисонце во МСУ: три изложби што отвораат нови светови

В четврток (25 септември) од 17 часот, кустосот Бојана Јанева ќе води тура низ трите новоотворени изложби во Музејот на современата уметност (МСУ) во Скопје: „Живко Поповски, живот посветен на архитектурата“, „Желбата можеби е, би можела да биде, како што секогаш е, блиску до љубовта“ – архивски асемблаж и интервенција на Кумјана Новакова и „Музеј отворен до понатамошно известување“, самостојна изложба на Џем А.

Кураторки на изложбата за Поповски се Анета Христова-Поповска и Мери Батакоја, а на изложбата на Џем А. куратори се Јованка Попова и Никола Узуновски.

Мени за пристапност