Во македонскиот Културно-информативен центар во Тирана вечер во 19 часот ќе биде отворена изложба на дела од уметникот Кирил Гегоски. Изложбата се отвора во соработка со Националната галерија на Македонија и ќе биде поставена до 10 октомври, нудејќи им на посетителите внимателно изградена форма на размена и размислување за современата уметност и нејзиниот социјален и културен потенцијал