Денеска во Музејот на РС Македонија беше отворена манифестацијата Европски денови на културното наследство со изложбата „Допрете ги покуќнинските садови“ од Сузана Марковска.
Изложбата е тактилна и е посветена и наменета за слабовидни и слепи лица. Таа ќе биде проследена со едукативни работилници и во следните денови.