Амбасадата на Македонија во Хрватска и Македонскиот КИЦ во Загреб со свеченост во Хрватскиот државен архив го одбележаа 8 Септември и 35 години од независноста на Македонија.
Програмата вклучи концерт на хорот „ПРО АРС“, под диригентство на Сашо Татарчевски, како и изложбата „Архивските документи – столб на македонскиот идентитет“ на Државниот архив на Македонија.
Домаќини на свеченоста беа директорката на Македонскиот КИЦ во Загреб, Мими Ѓоргоска-Илиевска и македонскиот амбасадор во Хрватска Драган Ѓурчевски, а меѓу присутните беа претставници на институции, дипломатскиот кор и македонската заедница во Хрватска.
Овој месец во Загреб и Хрватска ќе следуваат и други културни настани по повод 35 години независност.