На Факултетот за ликовни уметности во Сули ан (галерија „Драгутин Аврамовски-Гуте“) денеска (10 септември) во 20 часот ќе биде отворена самостојната изложба на фотографии од Иван Блажев со наслов „Траги и растојанија“.
Проектот произлегува од повеќегодишен процес на истражување, консултации и креативно обликување. Ќе бидат изложени педесетина фотографии снимени во текот на 18 години, од 2006 до 2024 година.
„Траги и растојанија“ е фотографско истражување на меморијата, имагинацијата и неуловливите траги што ги остава времето. Наместо да го документира минатото како нешто фиксно, изложбата навлегува во неизвесниот простор помеѓу она што навистина се случило, она што го паметиме и она што можеби сме го замислиле.
Обединувајќи фотографии создадени во текот на осумнаесет години со лични фотографии од ќерката на авторот, кои го документираат периодот од нејзиното детство до созревањето, делото се развива без хронологија, имиња или датуми.
Изложбата ќе биде поставена и ќе може да се посети до 22.9.2026 година, а се реализира со поддршка од Министерството за култура и туризам во рамките на Годишната програма за 2026 година.