Македонскиот културен центар во Истанбул со свечен концерт на квартетот „Стринџендо“ ја одбележа 35-годишнината од независноста на Македонија.
Концертот се одржа во Културниот центар „Тарик Акан“ во Бакрќој, а пред многубројната публика настапија Наташа Лазаревска, Олгица Шундиќ, Љупка Каевиќ и Андреја Наунов.
На настанот присуствуваа и генералниот конзул на Македонија во Истанбул, Идрис Фазлиоски, и директорот на Македонскиот културен центар, Диме Ратајкоски.
Квартетот изведе познати македонски и турски мелодии, а со концертот беше истакната поврзаноста на двете музички традиции и беше проследен со топол прием од публиката.