Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Белград во знакот на македонската ликовна уметност

Белград во знакот на македонската ликовна уметност

Две изложби поддржани од Министерството за култура и туризам го обележаа почетокот на новата културна сезона во Белград.

 

Во КИЦ во Белград беше отворена изложбата „Визии – Глава полна со луѓе“ на големиот македонски уметник Родољуб Анастасов, со која беше одбележана 35-годишнината од независноста на нашата држава. На отворањето се обратија македонскиот амбасадор во Србија, Никола Тупанчески, директорот на КИЦ во Белград, Васко Шутаров, и кустосот советник Јасминка Намичева. Изложбата ќе биде поставена до 30 септември.

 

На 9 септември во белградската „Галерија 73“ беше отворена и изложбата „Бруталист“ на проф. Благојче Наумоски-Бане и Петар Новковски. Изложбата претставува ликовна концепција преку која комуницираат професорот и неговиот студент, а предизвика интерес кај белградската ликовна публика. „Бруталист“ ќе биде поставена до 15 септември.

Мени за пристапност