Во македонскиот Културно-информативен центар во Белград, на 5 октомври беше промовирана стихозбирката „Ткажалки“ од Александра Јуруковска, добитничка на наградата „Даница Ручигај“ на Друштвото на писателите на Македонија за 2025 година.
Разговорот го водеше новинарката Сребра Ѓорѓијевска, која низ внимателно конципирани прашања заедно со авторката приредија ретко интимна, емотивна и поетска вечер. Пред присутните гости актерот Александар Стоименовски интерпретираше стихови од „Ткажалки“ на српски јазик.
Следниот ден, во организација на КИЦ Белград се одржа и панел-дискусија за видливоста на културата во српскиот и македонскиот јавен и медиумски простор. Покрај домаќинот на настанот, директорот на КИЦ Белград Васко Шутаров, Јуруковска и Ѓорѓијевска, учествуваа и македонскиот режисер и директор на телевизија Јани Бојаџи, како и новинари кои следат култура во српските медиуми.
Проектот е поддржан од Министерство за култура и туризам.