Градскиот женски младински хор „Менада“ од Тетово, под диригентство на проф. д-р Ивица Зориќ, денеска, 9 октомври, во 18:30 часот ќе одржи концерт во Македонскиот културно-информативен центар во Софија.
На концертот ќе биде претставена македонската православна хорска музика од минатото до денес, како и композиции од православната духовна музика од повеќе земји.
„Менада“ годинава одбележува 45 години континуирано дејствување и досега настапувала во 20 земји на концерти и фестивали. Хорот има освоено многубројни награди и признанија, со особен придонес во афирмацијата на македонската хорска музика во земјава и во странство.