Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Во Чифте амам утре се отвора изложбата „Пресек“ на Ирена Паскали

 Во Чифте амам утре се отвора изложбата „Пресек“ на Ирена Паскали

Во Чифте амам утре во 19 часот ќе биде отворена изложбата „Пресек“ на мултимедијалната уметница Ирена Паскали.

 

Изложбата претставува селекција од творештвото на Паскали и го одбележува нејзиното 30-годишно уметничко дејствување. Во нејзината работа се застапени фотографија, видео, цртеж, експериментален филм и перформанс, со фокус на човекот, идентитетот и општествените прашања.

 

Паскали има реализирано повеќе самостојни изложби и учествувала на многубројни меѓународни изложби, а е добитник и на повеќе меѓународни стипендии и награди.

 

Изложбата е дел од програмата на Националната галерија за 2026 година и е поддржана од Министерството за култура и туризам и германскиот ИФА. Ќе биде отворена до 22 октомври.

Мени за пристапност