Во Министерството за култура и туризам, државниот советник за заштита на нематеријалното и материјалното културно наследство, Афет Јашари одржа средба со професорот Љубен Тевдовски, директор на Меѓународниот научен симпозиум за теоретска медитеранска археологија „Лихнида“, и шпанскиот археолог и професор Фелипе Криадо Боадо, еден од водечките европски експерти во областа на археологијата, основач и долгогодишен претседател на Шпанскиот институт за културно наследство и поранешен претседател на Европската асоцијација на археолозите.
Во фокусот на средбата беа подготовките за второто издание на симпозиумот „Лихнида“, кој од 18 до 20 септември во Охрид ќе собере еминентни археолози, професори и истражувачи од престижни светски универзитети и научни институции, меѓу кои Сапиенца, Лајден, Универзитетскиот колеџ во Лондон, „Макс Планк“, како и претставници на европски академии и УНЕСКО.
Организатори на симпозиумот се Институтот за историја и археологија при Универзитетот „Гоце Делчев“, Управата за заштита на културното наследство и НУ „Завод и музеј“ – Охрид, во соработка со повеќе домашни и меѓународни партнери.
Министерството за култура и туризам ја препознава важноста на ваквите научни собири за унапредување на меѓународната соработка, размената на знаења и современите пристапи во истражувањето, заштитата и промоцијата на културното наследство и дава поддршка за нивната реализација.
Овогодишниот симпозиум „Лихнида“, на тема „Медитеранската археологија помеѓу империите и империјализмот“, ќе се одржи од 18 до 20 септември во Охрид, во Охридската галерија на икони и научни сесии во Куќата на Робевци, Куќата на Узунови и Спомен-куќата на Прличев.