Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Во Будимпешта одржана петтата седница на Мешовитата комисија за економска соработка меѓу Македонија и Унгарија

Во Будимпешта одржана петтата седница на Мешовитата комисија за економска соработка меѓу Македонија и Унгарија

Во Будимпешта се одржа петтата седница на Мешовитата комисија за економска соработка меѓу Македонија и Унгарија, на која учествуваше и делегација од Министерството за култура и туризам, предводена од државниот секретар Марија Станчевска-Ѓоргова.

 

Во рамките на седницата беше потпишан Протоколот од петтата седница, како и Програмата за соработка во областа на културата и уметноста меѓу македонското Министерство за култура и туризам и Министерството за култура и иновации на Унгарија. Документот го потпишаа државните секретари Марија С. Ѓоргова и Анита Кис-Хеги (Anita Kiss-Hegyi), со што се отвора нов период на продлабочена соработка и заеднички активности.

 

Обраќајќи се на пленарната сесија, државниот секретар Ѓоргова нагласи дека Мешовитата комисија претставува јасна потврда на заедничката заложба за унапредување на соработката во повеќе општествени области. Таа истакна дека културата е еден од најсилните мостови меѓу двете држави и дека новата Програма ќе придонесе за уште поинтензивна културна размена и претставување на уметници во двете земји.

 

Ѓоргова посочи дека приоритет на Министерството е поголема меѓународна видливост на македонската култура и дека соработката со Унгарија, како традиционален партнер, има особено значење. Таа го поздрави активното дејствување на македонската заедница во Унгарија и неодамнешното отворање на Центарот за балканско културно наследство во Будимпешта.

 

Говорејќи за туризмот, државниот секретар нагласи дека секторот има силен развоен потенцијал и дека Македонија станува сè поатрактивна дестинација благодарејќи на природните богатства, културното наследство и континуираните вложувања во инфраструктурата и услугите. Таа изрази уверување дека размената на искуства и заедничките иницијативи со унгарските институции ќе придонесат за натамошно зацврстување на туристичката и економската соработка.

Мени за пристапност