Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Петта седница на Мешовитата комисија за економска соработка меѓу Македонија и Унгарија во Будимпешта

Министерство за култура и туризам Министерство за култура и туризам

На 13 и 14 ноември 2025 година во Будимпешта, Унгарија, ќе се одржи 5.  седница на Мешовитата комисија за економска соработка меѓу Република Македонија и Унгарија.

 

Настанот претставува важен чекор во унапредувањето на билатералните односи меѓу двете земји и ќе се фокусира на проширување на соработката во повеќе области од заемен интерес, со особен акцент на економијата, културата и туризмот.

 

На седницата ќе присуствува делегација од Министерството за култура и туризам на Македонија, предводена од државниот секретар Марија Станчевска-Ѓоргова.

 

Во рамките на 5. седница е предвидено потпишување на Протоколот од седницата, а ќе биде потпишана и Програма за соработка во областа на културата и уметноста меѓу македонското Министерство за култура и туризам и Министерството за култура и иновации на Унгарија.

 

Потпишувањето на Програмата за соработка во областа на културата и уметноста има цел да ја зацврсти и да ја унапреди соработката меѓу двете земји, преку поттикнување на културната размена и поддршка на креативните индустрии.

 

На седницата ќе присуствуваат и делегации од повеќе ресори на македонската Влада, што ќе придонесе за сеопфатен и конструктивен дијалог за натамошен развој на економските и општествените односи меѓу Македонија и Унгарија.

Мени за пристапност