Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Викендов започнува прилепскиот џез фестивал „Прилеп џез викенд “

Викендов започнува прилепскиот џез фестивал „Прилеп џез викенд “

Со концертот на Next To Silence кој ќе се одржи на археолошкиот локалитет Врбјанска Чука во недела (24 август 2025г.) започна четиринаесеттото издание на прилепски џез фестивал „Прилеп џез викенд “.

Првите четири дена публиката ќе може да ги проследи концертите од „ОФФ Програмата“ кои ќе се одржат на Археолошкиот локалитет Врбјанска Чука и во клубот „Калинка“, а концертите од официјалниот дел на програмата, ќе се одржат на летната сцена од НУЦК „Марко Цепенков“. Свој диџеј сет ќе има диџеј Шурбе, прилепскиот бенд „Диатик“ и диџеј сет на Зговетин.

Официјалниот дел на програмата  кој ќе се реализира на летната сцена на ЦК Марко Цепенков, ќе го отвори тенор саксофонистот Блаж Шваган со неговиот бенд. Публиката ќе може да ужива и во еден несекојдневен перформанс, џем – сешн, со кој ќе се оддаде почит на младиот клавијатурист и композитор Филип Стеваноски, кој минатата година настапи на фестивалот со својот бенд. Инаку фестивалот и овој пат ќе понуди одлична програма со повеќе концерти, и перформанси. Ќе свири и скопскиот бенд „Локал блу“, јапонскиот џез музичар Току со „Самураи џе квартет“, во придружба на македонските музичари Оливер Јосифовски, Симеон Петров и Александар Петров.

Прилепскиот џез викенд ќе се затвори со концертите на дуото Кондовски/Дробицки и српскиот алтренативен рок бенд „Обојени програм“.

Фестивалот во организација на здружението за субкултура ПП Џез Фестивал кој оваа година трае седум дена,  од 24-30 август,  финансиски е поддржан од Министерството за култура и туризам и Општина Прилеп.

Мени за пристапност