Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Креативна Европа – потпрограма МЕДИА Работилница: Како до успешна мини слејт апликација

Министерство за култура и туризам Министерство за култура и туризам

Ве известуваме дека Министерството за култура и туризам – Канцеларија за Креативна Европа, во соработка со Фестивалот за креативен документарен филм „16. Македокс“, на 27 август 2025 година (среда), со почеток во 10:00 часот во Младинскиот културен центар (МКЦ), организира двочасовна работилница посветена на повикот за Европски мини слејт развојни проекти на потпрограмата „МЕДИА“.

Работилницата ќе ја водат хрватските експерти Тамара Бабун Зовко и Матија Дрниковиќ од продуцентската куќа Wolfgang & Dolly, кои имаат потврдено искуство во подготовка на апликации и имплементација на овој вид проекти.

Дополнително, по завршувањето на работилницата, како и на 28 август, продуцентите кои планираат да поднесат апликации во рамките на тековниот повик за Европски мини слејт развојни проекти (со краен рок за доставување на апликациите – 17 септември 2025 година) ќе имаат можност за индивидуални консултативни средби со експертите и со претставниците на нашата Канцеларија за Креативна Европа, одговорни за потпрограмата „МЕДИА“.

Информации за тековниот повик за Европски мини слејт развојни проекти на програмата „МЕДИА“ може да најдете ТУКА.

 Сите заинтересирани, своето учество може да го пријават на следните електронски адреси: vladimir.stojcevski@ced.mk и natasha.dimitrievska@ced.mk

Мени за пристапност