Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Светска премиера на филмот „Мајка“ на Филмскиот фестивал во Венеција

Светска премиера на филмот „Мајка“ на Филмскиот фестивал во Венеција

Со филмот „Мајка“ на Теона Стругар Митевска, денеска во 16:00 часот во „Сала Дарсена“ (Sala Darsena) ќе биде отворена програмата „Хоризонти“ на првиот натпреварувачки ден на годинашното 82. издание на Венецијанскиот филмски фестивал.

„Мајка“ е филм инспириран од животот на Мајка Тереза, особено од нејзината внатрешна борба да ја оствари својата визија и хумана мисија.

Во главните улоги настапуваат светски познатите актерки Нуми Рапас и Силвија Хукс, заедно со Никола Ристановски, Лабина Митевска и други.

Директор на фотографија е Виржини Сен Мартан од Белгија, сценографијата е на Вук Митевски, прв асистент на режија е Јане Ќортошев, сценариото го потпишуваат Гоце Смилевски, Теона Стругар Митевска и Елма Татарагиќ.

Филмот е копродукција меѓу Македонија, Белгија, Шведска, Данска и Босна и Херцеговина. Поддржан е од Агенцијата за филм на Македонија, Креативна Европа – МЕДИА (Creative Europe – MEDIA), Данскиот филмски институт, „Belgium Tax Shelter“, Белгиската национална и регионална филмска поддршка, Белгиската национална телевизија, Шведскиот филмски фонд, шведски регионални фондови и  Филмскиот фонд од Сараево.

Мени за пристапност