Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Вечер на унгарската култура во Прилеп

Вечер на унгарската култура во Прилеп

На платото пред Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, на 7 август 2026 година (петок) од 19:30 часот ќе се одржи традиционалната манифестација „Вечер на унгарската култура“.

 

Настанот, кој веќе традиционално ја претставува богатата унгарска култура, музика, фолклор и традиција, Центарот за култура „Марко Цепенков“ го реализира во соработка со Здружението на Унгарците во Македонија.

 

Во рамките на програмата ќе настапат оркестарот „Рожафа“ и Фолклорниот ансамбл „Коња“, кои преку музика, песна и традиционални игри ќе ја доближат унгарската култура и традиција до публиката во Прилеп.

 

 

Мени за пристапност