Музичко-сценскиот спектакл „Силно светнал ден“, по повод одбележувањето 35 години од независноста на Република Македонија, на 9 август премиерно ќе биде изведен на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид.
Овој спектакл, што ги обединува музиката, глумата и танцот и во кој ќе учествуваат познати македонски музички изведувачи, актери и танчари, ќе ја раскаже приказната за трите и пол децении независност, низ најзначајните историски моменти, предизвици и достигнувања на државата.
Карванот ќе гостува во 11 градови низ државата, а својата завршница ќе ја има на 4 септември на плоштадот „Македонија“ во Скопје.