Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Фестивалот „Охридско лето“ одбележува 66 години од постоењето

Фестивалот „Охридско лето“ одбележува 66 години од постоењето

Со промоција на монографијата „Ана Липша-Тофовиќ“ од авторите Снежана Анастасова Чадиковска и Александар Трајковски и концерт на израелскиот  машки сопран/контратенор Мајан Лихт и полскиот пијанист Пшемен Виницки,  денеска ќе биде одбележан 66. роденден на фестивалот „Охридско  лето“.

 

Промоцијата на монографијата ќе се одржи во 19 часот во црквата „Света Софија“ каде што на 4 август 1960 г. оперската примадона Ана Липша-Тофовиќ со солистички рецитал го означи почетокот на фестивалот „Охридско лето“.  Инаку, монографијата е посветена на јубилејот – 100 години од нејзиното раѓање (1926 – 2012).

 

Роденденскиот концерт на Мајан Лихт и пијанистот Виницки, пак, ќе се одржи во црквата  „Света Софија“ од 21 часот.

Мени за пристапност