Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Вечер на барокна музика со Владимир Костов и Цветанка Созовска

Вечер на барокна музика со Владимир Костов и Цветанка Созовска

Во рамките на фестивалскиот репертоар на 66. издание на „Охридско лето“, вечер во црквата „Света Софија“ ќе настапат еминентните македонски уметници, виолинистот Владимир Костов и чембалистката Цветанка Созовска. Концертот посветен на барокна музика ќе започне во 21 часот.

 

Цветанка Созовска, која над 20 години живее и работи во Холандија, е истакната чембалистка и педагог. Своето образование го надградува на Кралскиот конзерваториум во Хаг, а настапувала низ Европа и во Јужна Кореја, соработувајќи со познати барокни музичари и ансамбли.

 

Владимир Костов е виолинист со богато меѓународно искуство. Дипломирал и магистрирал на Факултетот за музичка уметност во Скопје, а своето знаење го усовршувал кај повеќе реномирани педагози. Настапувал на турнеи во Европа, Америка и во Азија и соработувал со голем број истакнати музичари и оркестри.

 

Публиката вечер ќе има можност да ужива во барокниот репертоар на двајца врвни македонски музички уметници во автентичниот амбиент на „Света Софија“.

Мени за пристапност