Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Јубилејна изложба на Јован Петров, човекот што ги конзервирал фреските во Пантелејмон и Перивлепта

Јубилејна изложба на Јован Петров, човекот што ги конзервирал фреските во Пантелејмон и Перивлепта

Во галеријата „Чифте амам“ во Старата скопска чаршија вечерва во 20 часот ќе биде отворена јубилејната изложба „90 години од раѓањето на Јован Петров“, посветена на творештвото на истакнатиот македонски сликар, конзерватор и реставратор.

 

Јован Петров (1936–2011) дипломирал на Академијата за ликовна уметност во Љубљана, каде специјализирал конзервација и реставрација. Во текот на својата богата професионална кариера работел на заштита и реставрација на икони, фрески и слики, меѓу кои и во црквите „Св. Пантелејмон“ во Нерези и „Св. Богородица Перивлепта“ во Охрид.

 

Покрај конзерваторската дејност, Петров активно се занимавал со сликарство, создавајќи препознатлив опус во кој се преплетуваат современиот ликовен израз, културното наследство и традицијата.

 

На отворањето ќе биде промовирана и монографија посветена на неговиот живот и творештво.

Мени за пристапност