Во рамките на традиционалната „Грчка вечер“ на фестивалот „Охридско лето“, вечер (7.8.2026 г.) во 21:00 часот во црквата „Света Софија“ ќе настапат грчката пијанистка Теодосија Нтоку и италијанскиот виолончелист Масимо Полидори.
Публиката ќе има можност да ужива во дела од: Сергеј Рахманинов, Антонин Дворжак, П.И. Чајковски, Астор Пјацола и Габриел Форе и Едвард Елгар.
Концертот се организира со поддршка од Амбасадата на Грција во нашата земја.