Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Успешно завршени Деновите на македонската литература за деца во Белград

Успешно завршени Деновите на македонската литература за деца во Белград

Тридневната манифестација Денови на македонската литература за деца 2025 во Белград, заврши во саботата, со посета на Саемот на книгата во Белград и потпишувањето меморандум за соработка помеѓу нашето книгоиздателство Едука Мак и познатото српско книгоиздателство за деца Пчелица.

Вториот ден од книжевната визита за деца, беше реализирана посета на детска градинка во белградската општина Савски венац, каде со вработените во градинката беа разменети искуства поврзани со воспитанието на најмладите и нивна едукација преку литература за најмладите од предшколска училишна возраст. На сите дечиња од градинката им беа поделени сликовници и ракотворби со македонски обележја, изработени од претставничките на македонската литературна делегација.

Деновите започнаа со промоција на шест авторки на книги и сликовници, издадени од книгоиздателството Едука Мак во 2024 и 2025 година, а централен настан беше промоција на наградената книга-сликовница за деца од авторката Билјана Лотеска, чиј промотор беше проф. д-р Елизабета Бандиловска. На настанот присуствуваше и најмлада публика од нашата македонска заедница во Р. Србија, а Едука Мак на сите ним им подели пригодни подароци, сликовници и книги за деца.

Мени за пристапност