Министерството за култура и туризам потсетува дека рокот за поднесување на пријавите за Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес по одделни области и активности од културата за 2026 година завршува в петок (31.10.2025 г.) во 15:30 часот.
Пријавувањето на Годишните конкурси се врши со електронско аплицирање на Националниот портал за е-услуги: https://uslugi.gov.mk
Апликантите се охрабруваат навремено да ги поднесат своите пријави, со цел нивните апликации да бидат разгледани.