Во македонскиот Културно-информативен центар во Белград, пред многубројни гости, меѓу кои и најмлади претставници на македонската заедница од Јабука, Србија, вчеравечер започна манифестацијата „Денови на македонската литература за деца 2025“.
Книгоиздателството „Едука“ претстави шест нови книги и сликовници за деца, а беше врачена и наградата „Литературни пишувалки – прашувалки“, која годинава за сликовницата „Пчеличката Баз“, ја доби авторката Билјана Лотеска.
Деновите на македонската литература за деца во Белград продолжуваат денеска со посета на детска градинка, каде што на дечињата ќе им бидат подарени сликовници на македонски јазик, како и ракотворби за деца со македонски обележја.