Театарската претстава „Уна“, работена според истоимениот роман на Момо Капор, во адаптација на Стеван Копривица и режија на Дејан Пројковски, беше изведена на 66. „Охридско лето“ во продукција на белградскиот театар „Звездара“.
Интимната и емотивна драма ја обработува вечната тема на љубовта, но и борбата на индивидуалецот за лична слобода и автентичност. Во главните улоги настапија Никола Ристановски како професорот Мишел Бабиќ и Магдалена Мијатовиќ како Уна, заедно со Сена Ќоровиќ и Марко Гверо.
Публиката во Центарот за култура „Григор Прличев“ уживаше во впечатливата актерска игра, динамичната сценографија на Валентин Светозарев и музиката на Горан Трајковски, наградувајќи ја претставата со громогласен аплауз.
„Уна“ потврди дека и денес, во време на технолошка и општествена динамика, љубовта, слободата и човечката искреност остануваат универзални и моќни теми.