Државниот ансамбл на албански народни песни и ора на Република Северна Македонија престојува во Ница, Франција, каде со гордост ја претставува Република Северна Македонија на 66. издание на реномираниот меѓународен фестивал La Farandole.
Под раководство на директорот Јетмир Реџепи, ансамблот достоинствено ги претставува богатите вредности на албанскиот фолклор и културната разновидност на нашата држава пред меѓународната публика.