Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Триото „Аперто“ ја отвори концертната сезона на Македонскиот КИЦ во Загреб

Триото „Аперто“ ја отвори концертната сезона на Македонскиот КИЦ во Загреб

Со концерт на реномираното македонско трио Аперто“, Македонскиот КИЦ во Загреб свечено ја отвори концертната програма за 2026 година. Публиката со воодушевување го проследи настапот на Марина Трајковска – виолина, Момчило Куфојанакис – виолина и Весна Ангелова Христов – пијано, кои се препознатливи по своите врвни камерни изведби.

 

Директорката на КИЦ, Мими Ѓоргоска Илиевска, истакна дека и оваа година програмата ќе биде насочена кон промоција на современата македонска уметност, културното наследство и продлабочување на културната соработка меѓу Македонија и Хрватска. На концертот присуствуваше и македонскиот амбасадор во Хрватска, Драган Ѓурчевски.

 

Концертот понуди внимателно избрана програма со дела од македонски, хрватски и светски композитори, меѓу кои: Б. Цанев, Б. Светиев, Б. Илин, А. Божиќ-Кудриќ, М. Мошковски, Г. Форе и А. Шнитке. Настанот, поддржан од Министерството за култура и туризам, уште еднаш ја потврди улогата на Македонскиот КИЦ во Загреб во афирмацијата на македонската култура на меѓународната сцена.

 

Мени за пристапност