Националната установа Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид и Охридскиот театар ве покануваат на премиерата на детската претстава „Кловн“, во режија на Ѓорги Ризески, по текст на Кристина Тодороска Петреска, инспириран од „Се бара стар Кловн“ од Матеј Висниек.
Претставата ќе се одигра на 24 мај 2026 година (недела) со почеток во 12:00 часот. Во претставата настапуваат актерите Андријана Тодороска Билаловиќ, Павел Маслов и Билјана Велјаноска Билаловиќ, а костимографијата и дизајнот се дело на Моника Гачева.
Цената на билетот е 200 денари. Билетите се достапни на билетарницата на Центарот за култура.