Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Музејот на Македонија го одбележа Меѓународниот ден на музеите со изложба за водата

 Музејот на Македонија го одбележа Меѓународниот ден на музеите со изложба за водата

Вчера, 18 мај 2026 година, по повод Меѓународниот ден на музеите, во НУ Музеј на РС Македонија – Скопје се одржа свечено отворање на изложбата „Вода: Од исконски верувања до современ пулс“. Автор на изложбата е Јован Шурбаноски, а коавтор Александра Папазовска.

 

Преку археологијата, етнологијата и уметноста, посетителите имаа можност да патуваат низ времето и културите, откривајќи ја водата како многу повеќе од природен елемент – како сведок, инспирација и движечка сила на човештвото.

 

Изложбата, реализирана во соработка со НУ Археолошки музеј на РС Македонија – Скопје и НУ Музеј „Д-р Никола Незлобински“ – Струга, ја претставува водата како духовен медиум и симбол што го обликува идентитетот на заедниците низ историјата.

 

„Вода: Од исконски верувања до современ пулс“ носи приказна за цивилизацискиот развој, за занаетите што ја скротуваат природата, за движењето и спортот, како и за трансформацијата на водата во моќ и културно наследство.

 

Посетителите имаа можност да го препознаат сопствениот одраз во „синиот отпечаток на вечноста“ – таму каде што секоја капка сведочи за минатото, а секој бран најавува нов подем.

Мени за пристапност