Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

„Трага во времето“ – мултимедијална изложба за 10 години Национален џез-оркестар вечер во Скопје

„Трага во времето“ – мултимедијална изложба за 10 години Национален џез-оркестар вечер во Скопје

Во рамките на манифестацијата „Скопско лето“, вечер во 20:30 часот во Музејот на град Скопје ќе биде отворена мултимедијалната изложба „Трага во времето“, посветена на десетгодишниот развој на Националниот џез-оркестар.

 

Изложбата претставува емотивно и документарно сведоштво за музичката визија, посветеноста и заедничкиот пат на Оркестарот, кој во изминатата деценија изгради препознатлив идентитет на домашната и на меѓународната џез-сцена.

 

Преку автентични фотографии, архивски материјали и лични приказни, посетителите ќе можат да проследат дел од најзначајните моменти, концертни настапи и творечки процеси што го одбележале развојот на ансамблот.

 

Во поставката се претставени фотографии од Татјана Ранташа и Маја Аргакијева, кои преку своите објективи ги документирале највпечатливите моменти од работата на оркестарот. Влезот на изложбата е слободен за сите посетители.

Мени за пристапност