Националната комисија за УНЕСКО на Република Северна Македонија информира за повикот на УНЕСКО за поднесување апликации за учество на обука за комуникации поврзани со науката. Обуката е наменета за млади професионалци и истражувачи на почеток на кариера што ќе се одржи на 13 и 14 октомври 2026 година во Трст, Италија. Целта на обуката е зајакнување на капацитетите за комуникации на младите научници и истражувачи заради градење доверба во науката кај јавноста, борба против ширењето погрешни информации, донесување одлуки врз основа на докази и забрзување на напредокот кон одржливиот развој.
Право на учество имаат лица на возраст од 21-35 години на постдипломски студии, истражувачи или професионалци на почеток на кариера од областа на науките или одржливоста. Пријавувањето се врши со пополнување на онлајн апликација на следниот линк: https://forms.office.com/e/C6C8MWc4rX?origin=lprLink и со доставување на биографија и копија од пасош на следната е-маил адреса: Regional.Bureau-SC@unesco.org, со копија до s.partey@unesco.org. Рокот за пријавување е најдоцна до 20 јули 2026 година.
Бројот на учесници е ограничен. Во зависност од расположливите средства, организаторот ги покрива патните и дневните трошоци и трошоците за сместување.