Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

„Танец“ со „Изворни минијатури“ – волшебно враќање кон корените на македонската традиција

„Танец“ со „Изворни минијатури“ – волшебно враќање кон корените на македонската традиција

Националниот ансамбл за народни игри и песни „Танец“ подготвува вистински празник за љубителите на македонскиот фолклор. Концертот со наслов „Изворни минијатури“, што ќе се одржи на 22 ноември (сабота) со почеток во 19:30 часот во Македонската опера и балет, претставува уникатно сценско патување низ времето, традицијата и автентичниот израз на народниот дух.

Овој проект не е само концерт, туку враќање кон изворите – кон никулците што го родија богатството на репертоарот на „Танец“. Публиката ќе има можност да ужива во автентични ора и песни, изведени во нивната оригинална, теренска форма, онака како што живееле меѓу луѓето низ вековите.

На сцената ќе оживеат машки, женски и мешани ора, со раскош на дијалекти, костими и ритми, придружени од врвни игроорци и музичари на изворни македонски инструменти. Концертот ќе понуди редок увид во најстарите слоеви на македонскиот музички и сценски фолклор, прикажан со препознатливата енергија и уметничка извонредност на Ансамблот.

Проектот „Изворни минијатури“ веќе освои публика низ целата држава, добивајќи признание како еден од најавтентичните и најпопуларни фолклорни концепти на „Танец“ во последните години.

Мени за пристапност