Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Драмскиот театар ја подготвува „Болва в уво“ во режија на Синиша Ефтимов

Драмскиот театар ја подготвува „Болва в уво“ во режија на Синиша Ефтимов

На 5 ноември 2025 година, Драмскиот театар Скопје ги започна пробите за новата претстава „Болва в уво“. Оваа комедија на францускиот писател Жорж Фејдо, премиерно изведена во 1907 година, ќе биде поставена во режија на Синиша Ефтимов.

Креативниот тим го сочинуваат актерите: Дениз Абдула, Ања Митиќ, Марјан Наумов, Лазар Христов, Игор Стојчевски, Стефан Вујисиќ, Нина Елзесер, Златко Митрески, Рубенс Муратовски, Катерина Шехтанска, Томислав Давидовски, Јована Спасиќ, Петар Стојковиќ и Ивана Павлаковиќ. Сценограф е Мартин Манев, костимограф – Раде Василев.  

Премиерата на „Болва в уво“ е предвидена за втората половина од декември 2025 година. Ова е значајно враќање на делото на сцената на Драмски театар, каде што првпат била поставена на 24 март 1974 година, со 333 изведби, станувајќи амблемска претстава.

Мени за пристапност