Националниот ансамбл за народни игри и песни „Танец“ ја отвора концертната сезона за 2026 година со мотото „Пулсот на предците, во ритамот на денешницата“.
Во рамките на новата сезона, традиционалниот велигденски концерт „Велигденско празнување“ носи програма во која вековната македонска фолклорна традиција се спојува со современиот сценски израз. Публиката ќе има можност да проследи безвременски кореографии, моќни изведби на хорот и на солистите, раскош на македонските народни носии, како и автентичниот звук на традиционалните инструменти – вистинско патување низ времето каде што минатото и сегашноста се преплетуваат на сцената.
Концертот ќе се одржи на 8.4.2026 (среда) во Македонскиот народен театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот.
Билетите ќе бидат достапни на билетарницата на МНТ и онлајн преку официјалната мрежа на МНТ.