Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Работилници за Креативна Европа (Култура и МЕДИА): Соработувај, креирај, додај вредност

Работилници за Креативна Европа (Култура и МЕДИА): Соработувај, креирај, додај вредност

Ве известуваме дека на 11 март 2026 година (среда), со почеток во 10:00 часот, во НУ Музеј на македонската борба за самостојност во Скопје ќе се одржат работилници за Креативна Европа – Култура и МЕДИА на тема: „Соработувај, креирај, додај вредност“.

Настанот е во организација на Канцеларијата за Креативна Европа при Министерството за култура и туризам на РС Македонија, во соработка со Канцеларијата за Креативна Европа на Република Унгарија и со корисници на програмата од нашата земја.

Програмата започнува со информативна сесија наменета за претставници од културниот, креативниот и филмскиот сектор. Од 12:00 часот, работилниците продолжуваат во две паралелни сесии:

  • За потпрограмата Култура, активностите ќе се одвиваат во НУ Музеј на македонската борба за самостојност, каде што учесниците ќе се запознаат со Повикот за проекти за соработка за 2026 година, со искуства од организации кои веќе реализираат поддржани проекти, ќе добијат практични насоки за подготовка на успешни апликации и ќе работат во групи на развој на европски проектни идеи.
  • За потпрограмата МЕДИА, работилниците ќе се одржат во НУ Археолошки музеј, каде што учесниците ќе се запознаат со повиците за „Мини слејт“ и „Европски филмски фестивали“, со искуства од организации кои веќе реализираат поддржани проекти, ќе добијат практични насоки за подготовка на успешни апликации и ќе работат во групи на развој на европски проектни идеи.

Завршната заедничка сесија ќе продолжи во НУ Музеј на македонската борба за самостојност и ќе опфати презентација на резултатите од работилниците и интерактивна дискусија.

За подетални информации, разгледајте ја програмата што ви ја доставуваме во прилог.

Работилниците се отворени за сите организации и професионалци кои сакаат да се информираат за повиците за 2026 година, да споделат искуства и да воспостават нови партнерства.

Ве покануваме да учествувате на настанот и ве молиме вашето учество да го потврдите на следнава електронска адреса: info@ced.mk

ПРОГРАМА

 

Канцеларија на Креативна Европа на РС Македонија

Сектор за европски интеграции

Министерство за култура и туризам

Мени за пристапност