Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Промоција на „Небесна пантомима“ од Зоран Анчевски во превод на бугарски јазик во македонскиот КИЦ во Софија

Промоција на „Небесна пантомима“ од Зоран Анчевски во превод на бугарски јазик во македонскиот КИЦ во Софија

Во Културно-информативниот центар на Македонија во Софија вечер од 18:30 часот ќе биде промовирана книгата „Небесна пантомима“ од поетот, есеист и професор Зоран Анчевски, преведена на бугарски јазик од Роман Кисјов. Со оваа книга, Анчевски првпат се претставува пред бугарските читатели.

 

Изданието е потпомогнато од меѓународната книжевна мрежа ТРАДУКИ.

 

Во присуство на авторот Анчевски, книгата ќе ја промовираат директорот на КИЦ во Софија, Зоран Пејковски, македонските поети Санде Стојчевски и Весна Ацевска, приредувачот и преведувач на книгата Роман Кисјов и Мартин Христов – управител на бугарската издавачка куќа „Ерго“.

Мени за пристапност