Националната установа „Танец“ и хрватскиот ансамбл „Ладо“ ќе одржат два заеднички концерта, претставувајќи ја богатата македонска и хрватска фолклорна традиција.
Концертите ќе се одржат на 8 јули на античкиот локалитет Хераклеја во Битола и на 10 јули во Националната опера и балет во Скопје.
Публиката ќе има можност да ужива во врвни кореографии, автентични народни носии, оркестарски и вокални изведби во единствен спој на две реномирани фолклорни институции.
Билетите се во ограничен број и се достапни преку продажната мрежа на kupikarta.com.