Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Ин мемориам: Почина Сашо Миленковски – режисерот што остави неизбришлив белег во македонскиот театар

Ин мемориам: Почина Сашо Миленковски – режисерот што остави неизбришлив белег во македонскиот театар

Македонската култура остана без еден од своите најзначајни театарски творци. Почина Сашо Миленковски, истакнат режисер, драматург и културен деец, кој со својата повеќедецениска работа остави длабок белег во македонскиот театар.

 

По повод неговата смрт, Министерството за култура и туризам соопшти дека со неговото заминување „македонската култура загуби еден од своите најзначајни и најавтентични театарски творци кој со своето богато творештво, остави трајно наследство и значаен придонес во развојот на македонската театарска уметност“, стои во Фејсбук објавата на Министерството.

 

Роден во Битола во 1963 година, Миленковски режираше повеќе од 50 претстави и беше еден од режисерите што внесоа нова енергија во македонскиот театар. Особено ќе остане запаметен по режиите на „Балканот не е мртов“ и „Буре барут“, како и по неговиот придонес во афирмацијата на современата македонска драматургија. 

 

Беше основач на независниот театар „Бабилон“, директор на Македонскиот народен театар од 2006 до 2010 година и драматург во Драмскиот театар – Скопје.

Мени за пристапност