Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Тамара Котевска го освои „Зелениот Оскар“

Тамара Котевска го освои „Зелениот Оскар“

Македонската режисерка Тамара Котевска ја освои престижната награда „Зелен Оскар“ за најдобар продуцент/режисер на „Wildscreen Panda Awards 2026“ во Велика Британија, за документарниот филм „Приказната за Силјан“, реализиран за National Geographic Documentary Films. Со ова признание, таа стана првата добитничка на наградата од Македонија и од регионот.

По успехот на „Медена земја“, Котевска продолжува да ја афирмира македонската кинематографија на светската сцена. „Приказната за Силјан“ ја истражува врската меѓу човекот и природата, а има номинации и за наградите „Еми“, „Гриерсон“ и „Jackson Wild Media Awards“.

Мени за пристапност