Македонскиот КИЦ во Белград, во соработка со „Танграм центар“, организира меморијална музичка вечер посветена на џез и соул-пејачката со македонско потекло Бети Ѓорѓевиќ, која почина во јануари годинава.
Настанот, со наслов „Крај на мојата тага“, според нејзиниот голем хит од 1974 година, ќе понуди сеќавања и видеоархивски материјали за нејзиниот живот и творештво, како и музички изведби на Нада Павловиќ и Екстра Нена, со пијано-придружба на Небојша Костиќ.
Вечерта ќе се одржи во 19:30 часот во просториите на КИЦ во Белград, а е поддржана од Министерството за култура и туризам.