Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Свечено отворена изложбата на Славчо Спировски во КИЦ во Белград

Свечено отворена изложбата на Славчо Спировски во КИЦ во Белград

Во македонскиот КИЦ во Белград и во вистинско репрезентативно и свечено празнување на македонската култура и уметност, вчеравечер беше отворена изложбата Пресек за скулптурата над од нашиот познат скулптор Славчо Спировски. Настанот го отворија и за уметникот зборуваа директорот на КИЦ во Белград, Васко Шутаров, и новинарот од Македонското радио, Тони Цифровски. 

Исклучително внимание предизвика и појавувањето на нашиот славен пијанист Симон Трпчески кој специјално за овој повод, дојде по неговиот последен концерт во Лондон на 22 септември.

Изложбата е реализирана со поддршка од македонското Министерство за култура и туризам, а посетителите на КИЦ во Белград ќе можат да ја посетат изложбата до средината на октомври. 

Мени за пристапност