Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Свечено одбележување на 5 Мај – Денот на македонскиот јазик во Национална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје

Свечено одбележување на 5 Мај – Денот на македонскиот јазик во Национална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје

Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски-Скопје“ организира свечено одбележување по повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик, со цел афирмација и промоција на македонскиот јазик и писмо.

Настанот ќе се одржи денес со почеток во 12 часот, а ќе опфати поздравни обраќања од директорот Јовица Никчевски и д-р Ганка Цветанова, претседател на Советот за култура, како и пригодна порака од д-р Гоце Цветановски.

Во рамки на одбележувањето ќе биде поставена и изложба на уникатни изданија од фондот на НУБ, преку која посетителите ќе имаат можност да се запознаат со значајни дела од македонското книжевно и јазично наследство.

Настанот е отворен за јавноста и претставува можност за заедничко чествување на македонскиот јазик како темел на националниот идентитет и култура.

Мени за пристапност