Во рамките на манифестацијата „Денови на македонската култура“ во Белгија, вечер во 18 часот во „Cinema Galeries“ во Брисел ќе биде прикажан филмот „Исцелител“ од Ѓорче Ставрески. По проекцијата ќе следува сесија на прашања и одговори со актерот Благој Веселинов, кој ја толкува главната улога во филмот.
Проекцијата е дел од пошироката програма на „Деновите на македонската култура“, чија цел е да ја афирмираат македонската уметност и култура пред европската публика, а се реализира во соработка со Министерството за култура и туризам и Агенцијата за филм.
„Исцелител“ е филм од 2017 година. Ставрески е и сценарист и продуцент и монтажер на звукот. Снимател е Дејан Димески, а монтажата е дело на Мартин Иванов. „Исцелител“ е филм што балансира меѓу семејна драма, црна комедија и општествен коментар.