Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Студентскиот театарски фестивал „Скомрахи“ од 14 до 18 ноември во Скопје

Студентскиот театарски фестивал „Скомрахи“ од 14 до 18 ноември во Скопје

Од 14 до 18 ноември во Скопје ќе се одржи студентскиот театарски фестивал „Скомрахи“, под мотото „Дали ни е гајле?“, на кој ќе настапат студенти од драмски академии од шест земји – Словенија, Србија, Црна Гора, Белгија, Украина и Северна Македонија.

 

Фестивалот ќе понуди богата програма со театарски претстави, работилници, предавања, разговори со учесниците и музички содржини. Годинава за првпат ќе се реализира и програмата „Скомрахи размени“, која ќе ги поврзе студентите од Факултетот за драмски уметности, Факултетот за ликовни уметности и Архитектонскиот факултет.

 

Преку театарот и креативната размена, фестивалот отвора актуелни прашања за младите и современото општество.

Мени за пристапност